Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВРЕДИ го обвини Таравари за неисполнети ветувања за водоснабдувањето во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Од коалицијата ВРЕДИ преку соопштение упатија критики кон Арбен Таравари, обвинувајќи го за неисполнети ветувања поврзани со решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Гостивар, и побараа од него да понесе политичка одговорност.

— реклама —

Според ВРЕДИ, Таравари во минатото ја обвинувал тогашната власт дека со негрижата го загрозува здравјето на граѓаните, додека за време на неговиот мандат ветувал дека ќе го реши проблемот со водоснабдувањето во Гостивар „за следните 100 години“.

Од коалицијата тврдат дека ниту едно од тие ветувања не било исполнето и посочуваат дека не биле изградени ниту двата големи резервоари за вода, кои, како што велат, биле најавени во 2022 година како проект финансиран со швајцарска донација.

— реклама —

ВРЕДИ поставува прашања што се случило со, како што наведуваат, седумте милиони евра швајцарска помош и дали средствата биле искористени за предвидената намена.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека граѓаните очекуваат транспарентност, отчетност и преземање одговорност, наместо молк, нагласувајќи дека имаат право на безбедна вода за пиење и институции што ефикасно функционираат.

Од ВРЕДИ бараат целосна одговорност за сите функционери кои, според нив, потфрлиле во заштитата на јавното здравје и повикуваат сите околности поврзани со случајот целосно да бидат разјаснети.

— реклама —

Воедно, од коалицијата оценуваат дека Арбен Таравари треба да одговори пред граѓаните со истите стандарди на одговорност што, како што велат, претходно ги барал од своите политички противници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ВРЕДИ отвори прашања за Алта банка: Какви врски има семејниот круг на Ахмети со српската банка?

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library97rfv1lc4dki4OyPmw7

„Ослободувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами претставува скандал и отворено исмевање на државните институции“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 1 седмица

krediti-za-skoluvanje-denari-1

ВРЕДИ ги спореди платите со претходната власт: просечната плата за две години пораснала за 7.538 денари

Македонија | пред 3 седмици

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

„Народот едвај врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат на маса над 335 илјади евра“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања