Промени тема
Контакт

ВРЕДИ го озаконува балансерот - ДПМНЕ и ЗНАМ соучесници во процесот на институционална федерализација, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-02-05-111441

„Наместо според критериуми, државата продолжува да вработува според етникуми. Етничкиот признак останува поважен од професионалноста. Покрај јазичната, институционалната федерализација е следната најголема опасност која го загрозува унитарниот карактер на државата. Во интерес на коалицијата, ДПМНЕ и ЗНАМ отстапуваат од националните интереси за сметка на балистичките апетити на коалицискиот партнер“, велат од Левица.

— реклама —

„Уставниот суд го укина балансерот, но за алчните апетити од коалицијата на власт тоа е небитно. Најавувањето на „Закон за балансер“ е одлична алатка за задоволување на балистичката пропаганда на ВРЕДИ. Додека тие од позиција на власт најавуваат ново погазување на Уставот и одлуките на Уставниот суд, Мицковски и Димитриевски немо набљудуваат како коалицискиот партнер преку етнизација на институциите ги поткопуваат националните интереси и унитарниот карактер на државата.

— реклама —
— реклама —

ДПМНЕ иако убедуваше како нема да се носат закони за етнички вработувања, претходно веќе ретерираше пред коалицискиот партнер и на предлог на ДУИ изгласаа формирање собраниска Комисија за правична застапеност. Во последица на ова Собранието да ја задолжи Владата да изработи акциски план за правична застапеност на етничките заедници во администрацијата. Единствената придобивка од оваа етнизација на институциите е најавата за нова тура ухлебување партиски кадри од редовите на ДУИ и ВРЕДИ.

— реклама —

Во отсуство на реална политика, ВРЕДИ и ДУИ се натпреваруваат во тоа кој ќе испорача посилни националистички барања. Левица категорично го отфрла барањето на ВРЕДИ за озаконување на балансерот. Политиката на сегрегација на општеството е спротивна на препораките од Европската унија, којашто во последниот извештај оцени загрозување на ефикасноста на институциите поради рамковниот балансер. Затоа ги повикуваме сите релевантни политички партии да ги отфрлат шовинистичките барања од коалицијата на Меџити“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 1 ден

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања