Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВРЕДИ: Компаниите да ја искористат државната поддршка за нови инвестиции и вработувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library1t2tav14gou61RFfcQU

ВРЕДИ порача дека економскиот развој не треба да се темели на ветувања, туку на конкретни мерки кои ги поттикнуваат инвестициите, го поддржуваат приватниот сектор и отвораат нови работни места.

— реклама —

Во партиското соопштение се наведува дека министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ги повикал сите компании што ги исполнуваат условите од Законот за финансиска поддршка на инвестиции навремено да аплицираат и да ја искористат помошта што ја нуди државата.

— реклама —

Според ВРЕДИ, законските мерки овозможуваат финансиска поддршка за вложувања во нови производствени капацитети, набавка на опрема и современи технологии, отворање нови работни места, како и реализација на проекти од областа на истражувањето и развојот. Целта е да се зголеми конкурентноста на компаниите и да се создаде посилна и подинамична економија.

— реклама —

Од коалицијата посочуваат дека ќе продолжат да ги поддржуваат претприемништвото, семејните бизниси и младите иноватори, при што приоритет остануваат инвестициите, намалувањето на административните бариери и создавањето услови младите својата иднина да ја градат во државата.

— реклама —

„Поддршката на приватниот сектор не е само економска политика, туку инвестиција во благосостојбата на граѓаните и долгорочниот развој на државата“, наведуваат од ВРЕДИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ВРЕДИ отвори прашања за Алта банка: Какви врски има семејниот круг на Ахмети со српската банка?

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library97rfv1lc4dki4OyPmw7

„Ослободувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами претставува скандал и отворено исмевање на државните институции“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 1 седмица

krediti-za-skoluvanje-denari-1

ВРЕДИ ги спореди платите со претходната власт: просечната плата за две години пораснала за 7.538 денари

Македонија | пред 3 седмици

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

„Народот едвај врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат на маса над 335 илјади евра“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања