Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВРЕДИ: Со законот за правична застапеност, го враќаме достоинството на Албанците кои не се декор во оваа држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
taravari-vredi-koalicija-h

Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ се пофали дека со Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница, ќе биде затворена историската рана, со што ќе го напарават она што ДУИ не го направила 22 години.

— реклама —

„Речиси три децении, Албанците во оваа земја беа недоволно застапени, угнетени и свесно занемарени од институциите кои требаше да им служат на сите подеднакво. 30 години, институционалната дискриминација стана систем, додека гласот на Албанците се слушаше само како број на гласови, а не како сила која го заслужува местото што го заслужува. Но, времето на неправдата завршува. Во текот на претстојната недела ќе се пишува историја во Владата на Република Северна Македонија. ВЛЕН, со храброст и одговорност, заклучува една од најсуштинските точки од Охридскиот договор, Законот за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите заедници во државната и јавната администрација, кој ќе биде донесен на владина седница“, велат од ВРЕДИ.

— реклама —

Во партиското соопштение велат дека ова не е политички чин, туку чин на правда.

— реклама —

„Овој закон, врз основа на Амандманот VI од Уставот, ја прави соодветната застапеност законска и институционална обврска, а не повеќе лична желба или лажно броење од страна на партии кои лажат цел народ. Институциите ќе бидат обврзани да обезбедат фер застапеност, без дискриминација, почитувајќи ја компетентноста, интегритетот, транспарентноста и инклузивноста. Она што ДУИ не го направи 22 години со неограничена моќ, ВЛЕН го постигнува во првите месеци од владеењето. Тие го продадоа Охридскиот договор, ние го спроведуваме по закон! Со оваа одлука, ВЛЕН ја враќа рамноправноста во темелите на државата и ги носи Албанците таму каде што отсекогаш заслужувале да бидат, во центарот на институциите, а не на периферијата на статистиката. Со оваа историска одлука, ВЛЕН не прави само реформа, туку го враќа достоинството на Албанците“, велат од ВРЕДИ.

— реклама —

Нагласуваат дека Албанците не се декор во оваа држава, туку се нејзиното јадро и темелот врз кој се градеше соживотот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ВРЕДИ отвори прашања за Алта банка: Какви врски има семејниот круг на Ахмети со српската банка?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library97rfv1lc4dki4OyPmw7

„Ослободувањето на Артан Груби и Перпарим Бајрами претставува скандал и отворено исмевање на државните институции“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 1 седмица

krediti-za-skoluvanje-denari-1

ВРЕДИ ги спореди платите со претходната власт: просечната плата за две години пораснала за 7.538 денари

Македонија | пред 3 седмици

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

„Народот едвај врзува крај со крај, а за пасошот на Груби се ставаат на маса над 335 илјади евра“, велат од ВРЕДИ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања