Промени тема
Контакт

Вредна швајцарска донација за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
Ceski-ambasador07152015002-1

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ доби вредна донација во медицинска опрема и апарати која е обезбедена од Швајцарија, со посредство на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и неговите лични контакти со македонски иселеници.

Градоначаникот Пецаков, директорот на специјалната болница д-р Харалампие Шокаровски и дел од медицинскиот персонал денеска направија увид на целокупната опрема, чија вредност се проценува на околу 100.000 евра.

Kosnozglobna07182025005– Оваа болница е институција со долга традиција, стручен кадар, современи медицински третмани и ужива голема доверба кај домашните но и кај странските пациенти. Бидејќи се работи за врвен медицински бренд кој претставува гордост не само за нас, туку и за целиот здравствен систем во Македонија, секогаш треба да ја има нашата безрезервна поддршка и внимание.

Во таа насока, јас како градоначаник и Општина Охрид како одговорна локална самоуправа, иако немаме директна ингеренција врз здравствените установи, во интерес на целокупната заедницата, секогаш се трудиме да бидеме партнер и поддржувач на институциите што директно се грижат за животот и здравјето на граѓаните. Се радувам што оваа донација, која содржи современа медицинска опрема и помагала, претставува плод на една успешна соработка која е беше иницирана лично од мене и преку моите контакти.

Упатувам искрена благодарност до донаторите од Швајцарија за нивната хуманост и подготвеност да придонесат во унапредување на медицинските услови во нашиот град. Нивната поддршка е од исклучително значење, не само од практичен аспект, туку и како мотив за натамошно развивање на меѓународни соработки во областа на здравството.

Посебна благодарност упатувам до менаџерскиот тим на болницата „Св. Еразмо“, кој ја препозна важноста на овој проект и со својот професионален пристап и соработка, придонесе оваа донација успешно да се реализира во целост.

Би сакал да нагласам дека Општина Охрид и понатаму останува отворена и активно вклучена во сите иницијативи и проекти кои носат бенефити за граѓаните, верувајќи дека само преку партнерство и посветеност можеме да изградиме посилна, поздрава и посолидарна заедница и да обезбедиме подобри услови за нашите граѓани во сите сегменти на општественото живеење, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање пред медиумите.

Менаџерскиот тим на болницата изрази голема благодарност до градоначалникот Пецаков за неговиот ангажман и иницијативата за реализација на оваа донација. Оттаму истакнаа дека опремата е од исклучително значење за оваа здравствена установа и истата значително ќе ги подобри условите и за пациентите и за здравствените работници.

Во донацијата има болнички кревети, душеци за болнички кревети, наткасни, апарати за анаестезија, машини за механичко чистење на инструменти, апарати за електрокардиографија, негативоскопи, апарати за стерилизирање на опрема, фрижидери за лабораторија, светла за операциона сала, манометри, колички за касети, колички за терапија, барабани, ларингоскоп, сталаци за инфузии, инструменти и многу други видови опрема и помошни средства наменети за болнички третмани и за пациентите.

 

— реклама —

Kosnozglobna07182025001

Kosnozglobna07182025002

— реклама —
Kosnozglobna07182025003

Kosnozglobna07182025004

Kosnozglobna07182025005

— реклама —
Kosnozglobna07182025006

Kosnozglobna07182025007

Kosnozglobna07182025008

— реклама —

Kosnozglobna07182025009

Kosnozglobna07182025010

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања