„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Времето е клучно: Десетгодишната Ева се бори со агресивен рак на коските, семејството бара поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library1go9f5132ip59eXrBEq

Десетгодишната Ева се соочува со најтешката битка во својот живот – агресивна форма на остеосарком, редок малиген тумор на коските кој бара итен, интензивен и долготраен третман.

— реклама —

„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено и храбро дете. Нашето мало сонце одеднаш се соочува со борбата на својот живот“, велат од семејството.

Дијагнозата, според лекарите, е високостепен тумор кој брзо се шири. Лекувањето од ваков тип не може да се спроведе во Македонија, поради што на семејството им било препорачано итно заминување во странство, во специјализирани центри.

— реклама —

Во моментов Ева е примена во специјализирана клиника во Минхен, Германија, каде се спроведува последната фаза од дијагностиката. Следната недела е закажано ПЕТ/КТ снимање, по веќе направени магнетна резонанца, биопсија, рендгенски испитувања и лабораториски анализи.

Според медицинскиот план, лекувањето ќе се одвива во три фази: околу два месеци интензивна хемотерапија, потоа хируршко отстранување на туморот и дополнителни шест месеци хемотерапија.

Семејството апелира за поддршка, посочувајќи дека средствата се наменети исклучиво за покривање на трошоците за лекувањето во Германија, бидејќи времето и брзината на дејствување се од клучно значење за исходот од оваа борба.

ДОНИРАЈ ТУКА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3qa0n9s47k7o4DXxzqA

Таткото на Ана: „Ни покажавте дека не сме сами – борбата штотуку почнува“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn6s1u80um467ffeHYKT

Цела држава се крена за Ана: Собрани 3,1 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

media-library6vsdgfdekipr1SRnm4t

Нашата моќ во еден наслов: За шест часа обезбедени 46.000 евра за лекување на осумгодишната Ана која се бори за живот

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydh45kn7efumgf2Q8kSL

Најитна кампања досега: Осумгодишната Ана се бори со редок и агресивен тумор, фалат 100.000 евра!

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања