Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Врховниот суд повторно ја отфрли жалбата на Трамп во случајот со писателката Е. Џин Керол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Врховниот суд на САД одби да ја разгледува жалбата на Доналд Трамп на пресудата во граѓанската постапка во која беше прогласен за одговорен за клевета и сексуално злоставување на писателката Е. Џин Керол.

Со одлуката на највисокиот американски суд, донесена без образложение, заврши и последната правна можност на Трамп да ја поништи едногласната одлука на поротата од Њујорк од 2023 година, според која тој треба да ѝ исплати на Керол пет милиони долари отштета.

— реклама —

Поротата утврди дека Трамп сексуално ја злоставувал Керол во текот на 1990-тите години во кабина за пресоблекување во стоковна куќа на Менхетен, а подоцна и јавно ја оклеветил преку објави на социјалните мрежи.

— реклама —

Федералниот апелациски суд минатата година ја потврди пресудата, оценувајќи дека нема основа за ново судење, по што Трамп се обрати до Врховниот суд.

Адвокатката на Керол, Роберта Каплан, по одлуката изјави дека со неа конечно е потврдена пресудата според која поранешниот американски претседател сексуално ја нападнал и ја оклеветил нејзината клиентка.

— реклама —

Трамп, пак, преку својата социјална мрежа „Трут соушл“ порача дека ќе продолжи да се бори против, како што наведе, „политички мотивираниот случај“.

— реклама —

Во своето барање до Врховниот суд, неговите адвокати тврдеа дека поротниците не требало да ја видат снимката од емисијата „Access Hollywood“ од 2005 година, во која Трамп зборува за несоодветно однесување кон жени.

Покрај оваа пресуда, Трамп се соочува и со уште една одлука за клевета во корист на Керол, со која му беше наложено да исплати дополнителни 83 милиони долари отштета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп го повлече Џеј Ди Венс од преговорите со Иран по неговите критики за војната

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryccdln8fu63rlbrq3SiN

Трамп го задолжи Венс да ја истражува наводната корупција во државите управувани од демократите

Свет | пред 3 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп му се закани на Мексико со двојно повисоки царини ако не ги запре мигрантите

Свет | пред 4 часа

media-library9vmjcgllr5aaf51lBV9

Трамп призна дека поддршката за Израел и војната придонеле за изборниот пораз на републиканците

Свет | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања