Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ
Photo by National Institute of Allergy and Infectious Diseases on Unsplash

Уште еден пациент почина од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести во Скопје, со што бројот на смртни случаи од вирусот во последната недела се искачи на два. Станува збор за 72-годишен маж, кај кого била утврдена и клиничка слика на менингитис.

— реклама —

На Клиниката во моментов се хоспитализирани 24 пациенти, а неколкумина од нив се на механичка вентилација.

— реклама —

Пред неколку дена од вирусот почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така бил лекуван на Клиниката за инфективни болести. Кај него биле присутни вкочанетост на вратот и нарушена свест, а била утврдена и клиничка слика на менингитис. Пациентот имал и други заболувања, а присуството на вирусот на западнонилска треска било потврдено со серолошко испитување на ликворот.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, меѓу симптомите на западнонилската треска се покачена температура, треска, главоболка, општа слабост, како и болки во зглобовите и мускулите.

— реклама —

Поради ширењето на вирусот, здравствените власти прогласија епидемија во неколку скопски подрачја – Кисела Вода, Гази Баба, Драчево, Илинден, Трубарево, Јурумлери и Идризово.

Најголем број случаи на западнонилска треска се регистрирани во Драчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања