Промени тема
Контакт

Вучиќ: „Ќе поднесам оставка на 27 септември, верно му служев на народот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека на 27 септември ќе поднесе оставка од функцијата претседател на државата.

„Да ве известам. На 27 септември ќе поднесам оставка од функцијата претседател. Таа вечер ќе им се обратам на граѓаните и ќе им се заблагодарам за поддршката. Најдолго бев претседател на Републиката откако е воспоставен повеќепартискиот систем во нашата земја. Тоа без граѓаните на оваа земја не би можел да го постигнам. Единствено што можам да кажам е дека верно ѝ служев на Србија, верно им служев на граѓаните на оваа земја – верно, вредно, посветено и борбено“, рече Вучиќ.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека потоа ќе влезе во предизборна кампања како обичен граѓанин.

— реклама —

„Набавив и камионче, имам свој автомобил. Набавив и една камп-приколка, бидејќи нема да можам да спијам секаде. Ќе одам во најоддалечените села, па и до доцна кога ќе останам. Има уште многу села. Има уште илјадници и илјадници села во кои не сум бил. Сакам да ги посетам и урбаните места, сакам да одам во секој град, пред продавница, пред дискотека, да разговарам со луѓето“, рече Вучиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

vucic-45345

Вучиќ најави „дигитална армија“ во Србија: Војниците што помалку изложени на опасност

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library793hrugmdog0d5XACk3

(Видео) Долги редици низ Србија за поддршка на студентската листа „Студентите победуваат“

Свет | пред 1 ден

policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан во Белград

Балкан | пред 3 дена

zemjotres-srbija

Земјотрес со јачина од 2,3 степени регистриран во Србија

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања