Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ најави дека ќе ги игнорира претседателските избори во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Балкан
media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Александар Вучиќ најави дека нема да учествува во претстојната претседателска изборна трка во Србија и дека лично е за целосно игнорирање на изборите, бидејќи не сака да создава привид дека политичката состојба во земјата е нормална.

— реклама —

На прес-конференција тој појасни дека станува збор за негов личен став, додека конечната одлука за учеството на Српската напредна партија ќе ја донесат Главниот одбор и партиското Собрание, чие одржување е најавено за декември.

Вучиќ оцени дека во актуелните околности нема причина партијата да предлага кандидат само заради учество на изборите.

— реклама —

„Во овој момент изборите не се можни и не се нормални, бидејќи обичните луѓе се борат за здив“, изјави тој.

— реклама —

Прашањето за можен бојкот се отвори по поразот на изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ на предвремените парламентарни избори.

Претседателските избори следуваат по оставката што Вучиќ ја поднесе на 27 септември. Вршителката на должноста претседателка на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека изборите ќе бидат распишани најдоцна до 27 ноември.

— реклама —

Вучиќ посочи дека партиските тела ќе одлучат за понатамошните чекори во зависност од датумот на изборите, а конечната одлука за настапот на партијата се очекува во декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Во овој момент не е можно одржување претседателски избори во Србија

Балкан | пред 2 часа

— реклама —
media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

Вучиќ најави обраќање во 13 часот, ќе изнесе детали за „теророт“ и за политиката што моментално се спроведува во земјата

Балкан | пред 9 часа

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 4 дена

media-libraryhf4i99pp6ejian0GUBQ

(Видео) Вучиќ објави видео како подготвува сендвич: „Јас сум човек од народот“

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања