Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ најави оставка, ќе се кандидира за премиер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе се повлече од претседателската функција кон крајот на септември, само неколку недели пред предвремените парламентарни избори во Србија, кои самиот ги распиша.

— реклама —

„Веднаш по враќањето од Њујорк ќе поднесам оставка. Тоа ќе биде на 25 или 26 септември, тоа е тоа“, изјави Вучиќ на прес-конференција, одговарајќи на прашање на Н1.

Најавата доаѓа два дена откако Вучиќ, на предлог на Владата, го распушти Народното собрание и распиша предвремени парламентарни избори за 25 октомври.

— реклама —

Во меѓувреме, Главниот одбор на Српската напредна странка го избра Вучиќ за носител на изборната листа „Обединета Србија“ и го предложи за кандидат за премиер по изборите.

— реклама —

Вучиќ најави и зголемување на платите и пензиите од 1 декември, како и исплата на парична помош за граѓаните. На прашањето дали настапува како претседател или во рамките на предизборната кампања, тој отфрли дека станува збор за нови предизборни ветувања.

„Овде нема никакви ветувања, ова е она што се случува уште од утре. Јас тоа го најавував“, рече Вучиќ.

— реклама —

Тој додаде дека до надлежната Агенција ги пријавил своите активности по распишувањето на изборите, меѓу кои и прес-конференцијата и претходно планираната воена вежба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryhf4i99pp6ejian0GUBQ

(Видео) Вучиќ објави видео како подготвува сендвич: „Јас сум човек од народот“

Настани | пред 6 дена

media-libraryg73ocqr6mh89dqUtXin

Вучиќ: Десетици илјади луѓе останаа без пари во Алта банка, најмногу Руси

Свет | пред 6 дена

media-library92amidutjmj865s26Ra

Откриени имињата на петте лица што Вучиќ ги помилувал пред заминувањето од власт

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања