Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ не се плаши од апсење: „Не потпишувам ништо во врска со пари“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ тврди дека нема причина да стравува од апсење, бидејќи, како што вели, никогаш не потпишувал документи поврзани со финансиски средства, пренесува „Данас“.

— реклама —

Во гостувањето на телевизијата „Пинк“, Вучиќ изјавил дека против него не може да се пронајдат докази за каква било незаконска активност.

„Јас не потпишувам и не работам ништо во врска со пари и за тоа не може ништо да се најде. Не знам дали ме разбирате. Можете да барате дали тој (Вучиќ) некому нешто му кажал. Буквално, баба си ја предела волната за да ѝ помине денот. Немаат ништо“, изјавил тој.

— реклама —

Неговите изјави доаѓаат по изборниот пораз на Вучиќ и неговата Српска напредна партија (СНС) од „Студентската листа“ на изборите во Србија.

— реклама —

Претставникот на листата и професор на Хемискиот факултет во Белград, Радомир Саичиќ, ги претставил приоритетите на најавената нова влада, меѓу кои ги издвоил декриминализацијата, борбата против корупцијата и професионализацијата на службите.

Саичиќ најавил и донесување буџет за 2027 година, со посебен акцент на поголема транспарентност во трошењето на јавните средства. Меѓу најавените мерки се и објавување на договорите за големите државни проекти, построг надзор за спречување корупција и враќање на незаконски стекнатиот имот.

— реклама —

Тој ја посочил и клучната улога на обвинителството во утврдувањето на одговорноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb2dmisgrus15c6MocoO

Ги кршеле прозорците за да ги спасат заробените возачи: Храбар потег на двајца полицајци во Белград

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library0kksmju1cupu42X2CeA

(Видео) Хаос во српското Собрание: Вучиќ доби опомена, Брнабиќ му се нафрли на претседателот

Настани | пред 2 дена

media-libraryl6ntqa18h8lu1EKSHMn

(Видео) Судот во Србија ја запре постапката против девет студенти кои беа уапсени по ланскиот протест, обвинителството се откажа поради недостиг на докази

Настани | пред 2 дена

media-library1r7mvc2p3au07CvDw3l

Студенската листа го избра Чупиќ за претседател на српското Собрание

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања