Промени тема
Контакт

Вучиќ откри детали од разговорот со Путин: „Ме поддржа бидејќи знае под каков притисок се оние на власт“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
putin-vucic

Српскиот претседател Александар Вучиќ откри детали од едночасовниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во кој, како што раскажа, разговарале и за можноста Вучиќ да поднесе оставка и да се кандидира за друга функција.

Вучиќ објасни дека му соопштил на Путин оти донел одлука да поднесе оставка, по што би се кандидирал за друга функција, со неизвесен исход од изборната трка.

— реклама —

„Му реков: ‘Така одлучив и сакам да те известам дека утре ќе поднесам оставка. Ќе се кандидирам за таа и таа функција. Можам да изгубам, можам да победам. Шансите се половина-половина и ќе се борам’“, раскажа Вучиќ.

Според неговите зборови, Путин не се задржал на самата одлука, туку го прашал што ќе се случува со Србија доколку тој се повлече од функцијата и дали има доверба во луѓето што би го наследиле, особено ако земјата се соочи со предизвици во следните неколку месеци.

— реклама —

Вучиќ признал дека му било тешко да даде одговор на тоа прашање. Тој додал дека смета оти луѓето што ќе ги извршуваат највисоките државни функции се лојални на државата и дека верува во своите соработници.

„Верувам дека пријателите ми се лојални, па се надевам дека сè ќе биде во ред“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Тој оцени дека Путин го надмудрил со рационалниот пристап кон неговата одлука, додавајќи дека не ја донел за да задоволи нечија формална потреба или, како што рече, бесмислени закони.

Осврнувајќи се на поддршката што ја добива од рускиот претседател, Вучиќ рече дека Путин добро знае под каков притисок се наоѓа оној што е на власт во Србија. Тој додаде дека, и покрај несогласувањата меѓу нив по одредени прашања, руските претставници знаат дека тој ги застапува интересите на Србија.

Вучиќ зборуваше и за односот на Путин кон таканаречената студентска листа, тврдејќи дека, доколку таа победи, Србија би вовела санкции против Русија уште следниот ден.

„И вие и јас знаеме дека санкциите против Русија би биле воведени ден потоа, доколку тие победат“, изјави Вучиќ, додавајќи дека, според него, не треба да се извлекуваат заклучоци за руските ставови само врз основа на изјави или молчење на нивните претставници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaoiv1mpn0jju0vzxPaL

(Видео) „Пе*ер“, „Психопат“, „Диктатор“: Вучиќ со нов предизборен спот

Свет | пред 5 дена

— реклама —
putin-vucic

(Фото) Вучиќ му честиташе роденден на Путин предвреме: „Особено сме благодарни за вашето разбирање“

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Американски конгресмени сакаат поголем притисок врз Вучиќ, предложен „SRBIJA Act“

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryet2tbt04vi8r5zwmw9Y

Москва ја пофали политиката на Белград, Путин очекува Вучиќ да се врати на премиерската функција

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања