Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ пред оставката помилува 49 лица, меѓу нив 12 од „новосадската група“ на Мила Пајиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-libraryv9qvjv1lf90097kQbs8

Српскиот претседател Александар Вучиќ, пред поднесувањето на оставката, соопшти дека донел одлука за помилување и аболиција на вкупно 49 лица. Од нив, 23 се поврзани со настаните во Србија во последната година и пол, според неговото образложение.

— реклама —

Вучиќ изјави дека меѓу помилуваните се 12 лица од таканаречената „новосадска група“, предводена од Мила Пајиќ, како и уште 11 лица кои, според него, учествувале во инциденти поврзани со блокадите.

— реклама —

Како што наведе, одлуката ја донел и покрај мислењата на дел од комисијата и на различни државни и безбедносни служби.

— реклама —

Вучиќ рече дека тешко му паѓало тоа што дел од младите луѓе ја минуваат својата младост надвор од Србија, додавајќи дека одлуката ја донел со намера да им помогне.

— реклама —

„Новосадската група“ опфаќа 12 активисти и студенти од Нови Сад против кои се водела постапка, при што дел од нив биле во притвор, а шестмина се наоѓале во странство и им било судено во отсуство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhf4i99pp6ejian0GUBQ

(Видео) Вучиќ објави видео како подготвува сендвич: „Јас сум човек од народот“

Настани | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryg73ocqr6mh89dqUtXin

Вучиќ: Десетици илјади луѓе останаа без пари во Алта банка, најмногу Руси

Свет | пред 2 дена

media-library92amidutjmj865s26Ra

Откриени имињата на петте лица што Вучиќ ги помилувал пред заминувањето од власт

Балкан | пред 3 дена

media-library8m804a9od6ce8yE6kLP

(Видео) Вучиќ и Орбан се сретнаа по изборните порази: „Ќе се вратиме“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања