Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Во овој момент не е можно одржување претседателски избори во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 минута -

Балкан
media-library92amidutjmj865s26Ra

Претседателските избори во Србија во овој момент не се можни, смета српскиот претседател Александар Вучиќ, кој истовремено порача дека на земјата ѝ се потребни стабилност, мир и напредок, а не страв. Тој ова го изјави на прес-конференција во седиштето на Српската напредна партија.

Вучиќ оцени дека Србија во изминатите 17 дена го изгубила она по што била препознатлива, а стравот се вселил во домовите на граѓаните. Обвини дека актуелната нестабилност е намерно предизвикана и дека за неа се обвинуваат други.

— реклама —

Тој ја обвини таканаречената „Студентска листа“ дека ја презела власта на 25 октомври и дека носи одговорност за состојбите во земјата. Потсети дека Српската напредна партија го признала изборниот пораз, но, според него, од другата страна немало подадена рака за дијалог. Вучиќ оцени дека неговите политички противници не сакаат разговори и дека нивната политика се темели на лаги.

Српскиот претседател предупреди и на економските последици од политичката нестабилност. Според него, може да дојде до зголемување на невработеноста и затворање на работни места, а предлогот за четиридневна работна недела го оцени како нереален. Тој тврди дека таквата мерка би довела до деиндустријализација на земјата.

— реклама —

Вучиќ смета дека новата власт не мора да биде формирана до март, бидејќи по рокот од еден месец за конституирање на парламентот следуваат уште три месеци за формирање влада. Според неговите пресметки, новото раководство би можело да има уште 110 дена без да ја формира владата.

— реклама —

Тој најави дека неговата листа ќе се подготвува за опозициско дејствување и дека ќе се одѕове на поканата за консултации пред конститутивната седница на парламентот. Како кандидат за претседател на парламентот на листата „Обединета Србија“ го посочи научникот Стојан Раденовиќ.

Одговарајќи на прашање за можноста да биде уапсен, Вучиќ рече дека е подготвен да одговори на секое прашање и дека веќе бил известен оти ќе биде повикан како сведок. Тој негираше каква било поврзаност со апликацијата „Скај“.

— реклама —

Во однос на претстојните претседателски избори, Вучиќ рече дека лично смета оти нивното одржување во сегашните околности не е можно и не би било нормално, но дека конечната одлука ќе ја донесат партиските тела на Српската напредна партија. Главниот одбор и партиското собрание треба да одлучуваат за ова прашање на почетокот и во средината на декември.

Тој не ја исклучи можноста самиот да биде кандидат, но нагласи дека засега нема конечна одлука. Најави и дека на партиските избори ќе бидат сменети 500 членови на Главниот одбор на партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

Вучиќ најави обраќање во 13 часот, ќе изнесе детали за „теророт“ и за политиката што моментално се спроведува во земјата

Балкан | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 4 дена

media-libraryhf4i99pp6ejian0GUBQ

(Видео) Вучиќ објави видео како подготвува сендвич: „Јас сум човек од народот“

Настани | пред 1 седмица

media-libraryg73ocqr6mh89dqUtXin

Вучиќ: Десетици илјади луѓе останаа без пари во Алта банка, најмногу Руси

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања