Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ се закани со реципрочни мерки поради забраната на Црна Гора за влез на уредникот на „Информер“, Вучиќевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оцени дека одлуката на црногорските власти да му забранат влез на главниот уредник на „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, е голема грешка и предупреди дека Србија би можела да одговори со реципрочни мерки.

— реклама —

Црногорската полиција донела одлука со која на Вучиќевиќ му е забранет влез во земјата. Според образложението, тој преку „Информер“, кој важи за близок до власта во Србија, континуирано ширел говор на омраза кон Црна Гора и нејзините граѓани.

— реклама —
— реклама —

Вучиќ изјави дека добил информации од безбедносните служби дека Вучиќевиќ е прогласен за непожелен во Црна Гора и порача дека луѓето не смеат да бидат казнувани поради поинакво мислење. Тој изрази надеж дека Подгорица ќе ја преиспита одлуката, а во спротивно, како што рече, Србија ќе биде принудена да воведе реципрочни мерки, кои би можеле да ги погодат и црногорските граѓани.

— реклама —

Во меѓувреме, самиот Вучиќевиќ изјави дека не е погоден од забраната, прашувајќи: „Зошто би ми забранувале да одам таму каде што и онака не сакав да одам?“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhf4i99pp6ejian0GUBQ

(Видео) Вучиќ објави видео како подготвува сендвич: „Јас сум човек од народот“

Настани | пред 4 дена

media-libraryg73ocqr6mh89dqUtXin

Вучиќ: Десетици илјади луѓе останаа без пари во Алта банка, најмногу Руси

Свет | пред 4 дена

media-library92amidutjmj865s26Ra

Откриени имињата на петте лица што Вучиќ ги помилувал пред заминувањето од власт

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања