Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Вучиќ со обраќање до граѓаните на Црна Гора: „Извинете што ве сакавме повеќе отколку вие нас“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во историско обраќање до граѓаните на Црна Гора, во авторски текст објавен на порталот „Борба“, изнесе пет клучни ставови на Србија.

На почетокот од текстот, Вучиќ истакна дека одлучил да им се обрати на граѓаните на Црна Гора по повеќегодишните лаги за Србија, нејзиното раководство, односот на Србија кон Црна Гора, како и по години на, како што наведе, „највалкани кампањи“ против него и неговото семејство.

Како прва точка ја издвои: „Вистините и лагите за српскиот притисок врз црногорската независност и наводното мешање во внатрешните работи на Црна Гора“.

Тој посочи дека со децении се слушаат приказни за мешање на Србија во сите работи во Црна Гора, за политички притисоци на дневно ниво, желба за ширење на територијата на сметка на Црна Гора, ширење големосрпски и антицрногорски идеи и загрозување на државноста на Црна Гора.

— реклама —

„Но, како се мешаме и со што ѝ се закануваме на Црна Гора?“, праша Вучиќ.

Тој потсети дека Србија ја прифатила секоја одлука на граѓаните на Црна Гора на демократски и цивилизиран начин, вклучително и одлуката за распад на заедничката држава, резултатите од референдумот за отцепување, па сè до влезот на Црна Гора во НАТО.

„Ве доживувавме како сестри и браќа и сакавме да живееме во иста држава со вас. Признавам, виновни сме и извинете што ве сакавме повеќе отколку вие нас“, напиша Вучиќ.

Како второ клучно прашање, Вучиќ постави: „Дали Србија го загрозувала територијалниот интегритет на Црна Гора или Црна Гора на Србија?“

— реклама —

Тој нагласи дека Србија го почитува територијалниот интегритет и суверенитетот на Црна Гора и никогаш не го довела во прашање, додека Црна Гора, како што рече, само две години по напуштањето на државната заедница со Србија, ја прекршила Повелбата на Обединетите нации со признавањето на независноста на Косово.

„Не ѝ одзеде Србија 14 проценти од црногорската територија, не бараше Србија ниту Пљевља, ниту Беране, ниту кое било друго место во Црна Гора, ниту ќе бара. Црна Гора, братски, веројатно токму затоа што Србија ја почитува Црна Гора, ги призна Призрен, Грачаница, Дечани и Пеќката патријаршија како дел од некоја друга, а не српска држава. И не се буниме, и понатаму ве сакаме и ве доживуваме како браќа, само немојте да ни зборувате дека ние нешто ви одземаме“, истакна Вучиќ.

Потоа праша: „Што тоа Србија направи против Црна Гора, или можеби никогаш не направила?“

Одговарајќи на тоа прашање, српскиот претседател посочи дека Србија никогаш, ниту посредно ниту непосредно, не ја обвинила Црна Гора или некого во Црна Гора за геноцид, додека политичари од Црна Гора трипати носеле резолуции за наводен геноцид извршен од Србите.

— реклама —

„Патем, Србија смета дека Зоран Гопчевиќ заслужил базенот да го носи неговото име, Србија смета дека жртвите од Лора заслужуваат правда, Србија не ви го бара ниту бродот ‘Јадран’ што го изградил кралот Александар, нема да ја бараме ниту Превлака, па поради сето тоа не заслужуваме почитување, туку презир“, наведе Вучиќ.

Тој порача и дека Србија нема да ја менува својата пријателска и братска политика.

Четвртата клучна порака до граѓаните на Црна Гора се однесуваше на европскиот пат и прашањето „кој кого сопнува“.

Вучиќ истакна дека ѝ посакува на Црна Гора успех на тој пат, и покрај тоа што, како што рече, секој состанок на црногорските функционери започнува и завршува со истакнување на разликите меѓу Црна Гора и Србија.

— реклама —

„Ви посакуваме среќа во Европа, во НАТО, секаде каде што сакате. И ќе ви честитаме за сè. И ќе се радуваме на вашите успеси. Само не нè терајте да се радуваме на политика и резултати од политика насочена против Србија и српскиот народ. Сешто сме, мазохисти не сме“, порача Вучиќ.

Последната порака на Вучиќ до народот и властите на Црна Гора беше одговор на прашањето – што Србија очекува од Црна Гора и што е подготвена да понуди?

„Ја почитуваме и ќе ја почитуваме Црна Гора и нејзините граѓани. Ја напуштивте нашата заедничка фамилија и вашата одлука, повторувам, ја почитуваме. Единствено што ве молиме е, кога станува збор за српскиот јазик и српските национални обележја, да покажете почит кон една третина од вашето население, барем онолку колку што покажувате кон припадниците и политичките претставници на народите кои ви станаа придружни браќа и помагачи на европскиот пат. Само тоа. И ништо повеќе“, наведе Вучиќ.

Тој својот авторски текст го заврши со реченицата: „Нека живее пријателството меѓу Србија и Црна Гора“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Доколку економскиот раст надмине три отсто, ќе се зголемат платите и пензиите

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ се закани со реципрочни мерки поради забраната на Црна Гора за влез на уредникот на „Информер“, Вучиќевиќ

Балкан | пред 3 дена

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Приказната за „звучниот топ“ е измислица, знаеме и од кого потекна

Балкан | пред 1 седмица

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ: Ретко кој ќе успее двапати да освои речиси 60 отсто во првиот круг

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања