Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Вучиќ: Србија е сериозно загрозена од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е сериозно загрозена од формирањето воен сојуз меѓу Хрватска, Приштина и Тирана, изразувајќи загриженост поради, како што рече, глобалната тишина околу ова прашање.

Говорејќи во Минхен, каде учествува на Минхенска безбедносна конференција, Вучиќ нагласи дека формирањето на таков сојуз претставува прашање што Србија мора сериозно да го сфати. Тој најави состанок на Колегиумот на Генералштабот на Војската на Србија и Министерството за одбрана, како и дополнителни вложувања во наменската индустрија и производството на оружје и воена опрема.

— реклама —

„Ќе мора да извезуваме оружје за да заработиме, но ќе го зголемиме уделот што оди директно за Војската на Србија, можеби и до 40 проценти од вкупното производство“, изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија од месец во месец ќе ги јакне своите одбранбени капацитети.

— реклама —

Тој оцени дека не станува збор само за воена соработка, туку за сојуз со јасни политички и безбедносни импликации.

„Прашањето не е кому му продавате муниција, туку со кого сте во воен сојуз, кого браните или напаѓате“, порача српскиот претседател.

— реклама —

На маргините на конференцијата, министерот за одбрана на Хрватска, Марио Анушиќ, одржа трилатерална средба со министрите за одбрана на Албанија и Косово, Пиро Венгу и Ејуп Македонци. Тој истакна дека соработката не е насочена против ниту една соседна држава, туку има цел јакнење на стабилноста и безбедноста во југоисточна Европа.

— реклама —

Според хрватското Министерство за одбрана, трите земји развиваат заеднички проекти во одбранбената индустрија и ја унапредуваат соработката меѓу вооружените сили во рамки на Декларацијата за соработка во областа на одбраната и безбедноста, потпишана на 18 март 2025 година во Тирана.

Од Министерството за одбрана на Србија претходно оценија дека ваквите активности се спротивни на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Кумановскиот договор, додека албанската страна најави прва заедничка трилатерална воена вежба во 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Драма во Смедерево: Притвореникот се качил на зградата на полициската станица и се заканувал дека ќе скокне

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Од март почнува задолжителната воена служба во Србија

Балкан | пред 3 дена

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Сè уште не сум поднел оставка, не можам да се занимавам со изборите

Балкан | пред 4 дена

media-librarysfk44j0ma7s1exQjIkw

(Видео) Вучиќ го претстави новото вооружување: Војската на Србија станува се посилна, се воведува и задолжителен воен рок

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања