Промени тема
Контакт

WhatsApp најави нови функции кои ќе овозможат поголема приватност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Prathankarnpap_Shutterstock.com-w810h462

Апликацијата WhatsApp најави нови функции кои на корисниците ќе им овозможат поголема приватност при користење и дејствување на оваа платформа.

Корисниците ќе можат тивко да ги напуштаат групните разговори, да контролираат кој може да го види нивниот онлајн статус, т.е. видливост, како и да ја блокираат сликата од екранот во режимот на испраќање фотографии што се прикажуваат само еднаш.

— реклама —

Извршниот директор на компанијата Meta, Марк Закерберг, рече дека новата функција ќе помогне пораките на WhatsApp да бидат „приватни и безбедни како лице в лице“.

Популарната апликација моментално ги известува членовите на групниот разговор кога некој ќе го напушти разговорот, што ќе се промени со новите опции воведени од WhatsApp.

— реклама —

Отсега ќе може да се напушти група без да бидат известени сите други корисници на групниот разговор, туку само администраторот на групата.

— реклама —

Главниот директор за производи, Ами Вора, рече дека тоа е дел од фокусот на платформата на „градење карактеристики на производот што им овозможуваат на луѓето да имаат поголема контрола и приватност над нивните пораки“.

„Ниту една друга глобална услуга за пораки не обезбедува вакво ниво на безбедност за пораките, медиумите, гласовните пораки, видео повиците и резервните копии на разговорите на своите корисници.

— реклама —

Корисниците, исто така, во иднина ќе имаат можност да им дозволат само на одредени контакти - или никому - да го гледаат статусот на нивната онлајн активност кога се активни на платформата, со што опциите за онлајн статус ќе се усогласат со поставките „last seen“.

Ова е само еден од низата новитети што WhatsApp годинава ги претстави за своите корисници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l1ncp3lp9767qI6RjZ

„Фајрфокс“ воведува вграден блокатор на реклами на „ајфон“: Крај на досадните реклами?

Технологија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryspmre4c1giea9rsYHzI

Waze добива големо ажурирање со Gemini: Паметни рути, нови функции и подобар режим за мотоцикли

Магазин | пред 1 месец

media-library17hlkstfv9ij9aH3q5w

Xiaomi подготвува HyperOS 4: Познато кога би можело да започне бета-тестирањето

Магазин | пред 1 месец

media-libraryvg6h2rjf0ef8dO6Ti34

Nvidia инвестира 5 милијарди долари во стартапот на коосновачот на OpenAI

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања