Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Wizz Air“ ги суспендираше летовите кон и од Израел поради безбедносната состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarykk2alm1bqpiv76MytDs

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Wizz Air“ соопшти дека привремено ги суспендира сите летови кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив и од него, поради влошената безбедносна состојба во регионот.

— реклама —

Одлуката се однесува на сите летови планирани за денеска и за утре, откако Иран првпат по два месеца повторно истрела проектили кон Израел.

— реклама —

Во соопштението на компанијата се наведува дека безбедноста на патниците и екипажот останува највисок приоритет.

„Wizz Air продолжува внимателно да ја следи состојбата во координација со надлежните институции и согласно со развојот на настаните ќе ги приспособува своите операции“, соопшти авиокомпанијата.

— реклама —

Суспензијата на летовите доаѓа и покрај тоа што израелскиот воздушен простор засега останува отворен, а меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во Тел Авив продолжува да работи вообичаено.

— реклама —

Последните безбедносни случувања на Блискиот Исток предизвикаа зголемена претпазливост кај авиокомпаниите, кои внимателно ја следат состојбата и ги проценуваат ризиците за воздушниот сообраќај во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања