ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Wizz Air најави прекин на дигиталните услуги, летовите остануваат редовни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 часа -

Магазин
media-librarykk2alm1bqpiv76MytDs

Wizz Air најави привремен прекин на дигиталните платформи поради планирано унапредување на ИТ-системот, со цел поголема стабилност, доверливост и подобро корисничко искуство. Прекинот е од 25 февруари 23:00 до 26 февруари 08:00, кога нема да бидат достапни купување/измени на билети, онлајн чекирање, мобилната апликација, ваучери и кориснички профили. Летовите ќе се одвиваат редовно; патниците што веќе се чекирани нема да бидат засегнати. Се препорачува навремено чекирање, а ќе има и бесплатно чекирање на аеродром ако е потребно.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air најави привремен прекин на работата на своите дигитални платформи поради планирано унапредување на ИТ-системот, кое треба да ја подобри доверливоста и стабилноста на услугите, како и целокупното корисничко искуство на патниците.

— реклама —

Прекинот на пристапот до системите е планиран во периодот од 25 февруари во 23.00 часот до 26 февруари во 08.00 часот.

Во тој временски интервал на патниците нема да им бидат достапни резервации на нови билети, измени на постојни резервации, онлајн чекирање, функциите на мобилната апликација, како и преземање ваучери и управување со кориснички профили.

— реклама —

Од компанијата наведуваат дека сите летови во тој период ќе се реализираат според редот на летање и дека прекинот на системот нема да влијае врз патниците кои веќе извршиле чекирање или ги презеле своите бординг-карти.

„Посветени сме на обезбедување сигурно и квалитетно искуство за нашите клиенти. Ова планирано унапредување дополнително ќе ги развие нашите системи и ќе овозможи идни подобрувања на дигиталните платформи. Им благодариме на патниците за разбирањето додека ја спроведуваме оваа важна техничка процедура“, изјави Оливија Харангоѕо, менаџерка за корпоративни комуникации во компанијата.

Wizz Air им препорачува на патниците кои патуваат за време на прекинот навреме да го завршат онлајн чекирањето и да ги преземат своите бординг-карти. Доколку е потребно, компанијата во тој период ќе овозможи бесплатно чекирање на аеродром.

Авиокомпанијата очекува сите дигитални услуги повторно да бидат целосно достапни веднаш по завршувањето на планираната техничка интервенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Лет на Wizz Air прекинат по два часа: итно слетување во Брисел

Македонија | пред 2 седмици

vizzar

Со новите линии на „Виз ер“ ќе се лета до Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања