Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

WSJ: Трамп не сакал Зеленски на самитот со Путин за да не се нарушат преговорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
Screenshot-2025-02-28-at-19.24.38

Американскиот претседател Доналд Трамп изразил загриженост дека присуството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот во Алјаска би можело да ги наруши преговорите со рускиот лидер Владимир Путин, објави Wall Street Journal повикувајќи се на извори запознаени со неговиот разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

— реклама —

Според весникот, европските претставници првично барале на средбата во Алјаска да присуствува и директен претставник на Европа или генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, заедно со Зеленски. Барањето било повлечено по разговорот меѓу Мерц и Трамп, иако европските лидери јавно го охрабруваа Зеленски да учествува во какви било преговори со Путин.

Извор на WSJ тврди дека Трамп сметал оти присуството на Зеленски би можело да создаде тензии уште на почетокот на преговорите. Германските организатори на конференцијата велат дека Трамп се согласил по средбата со Путин најпрво да го извести Зеленски, а потоа и европските лидери кои учествувале на состанокот во средата.

— реклама —

„Во моментов, Трамп навистина држи сè во свои раце. Тој е тој што преговара со Путин и сака да постигне договор“, изјавила Фиона Хил, поранешна советничка за Русија во првиот мандат на Трамп, која учествувала и на неговата последна средба со Путин во 2019 година. Таа додала дека Трамп често нагласува дека сака да го запре убивањето на фронтот и дека тоа го мотивира.

— реклама —

„Она што Трамп не го разбира е дека Путин нема иста емпатија како него – Путин сака да ги постигне своите максимални цели за да ја осигура својата оставштина како ‘Владимир Велики’ и е подготвен да нареди и спроведува масовни убиства, додека Трамп сака да го запре војувањето и да ја освои Нобеловата награда за мир“, рекла Хил.

Според медиумските извештаи, Трамп им порачал на Зеленски и на европските лидери дека целта на средбата со Путин е постигнување прекин на огнот и подобро разбирање на можностите за склучување сеопфатен мировен договор. Зеленски потврдил дека Трамп ќе го повика по средбата со рускиот претседател.

— реклама —

Трамп исто така изјавил дека, доколку разговорите во Алјаска бидат успешни, ќе организира втора средба на која ќе биде поканет и Зеленски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Зеленски: Ноќеска нападнавме две руски рафинерии

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски нема да присуствува на конференцијата за обнова на Украина во Полска

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv6b84nlacp8faMQW3oV

Зеленски со ултиматум до Лукашенко: Имате една недела, потоа ќе дејствуваме

Свет | пред 2 седмици

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски: Путин слабее, но токму затоа може да стане поопасен

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања