Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, предизвика реакции со својот став за идентитетските прашања на Македонците. Во објава на социјалните мрежи, тој вели дека одлуките за идентитетот, историјата и македонскиот јазик се исклучиво во рацете на македонскиот народ.
„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат“, напиша Хајредини.