Промени тема
Контакт

Хамас: Израелските заложници ќе ја делат судбината на нашите борци во офанзивата на Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
zaloznici-izrael-gaza-hamas

Палестинското движење Хамас во петок предупреди дека израелските заложници ќе бидат изложени на исти ризици како и неговите борци доколку израелската армија ја започне најавената офанзива врз градот Газа.

„Ќе се грижиме за затворениците (заложниците) колку што можеме, но тие ќе бидат со нашите борци во зоните на борба и конфликти, изложени на истите ризици и истите животни услови,“ стои во соопштението на Хамас.

Гласноговорникот на вооруженото крило на организацијата, познат под прекарот Абу Обеида, додаде дека за секој убиен заробеник во израелските напади ќе биде објавено неговото име, фотографија и доказ за смртта.

— реклама —

Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на армијата да се подготви за голема офанзива врз градот Газа со цел уништување на Хамас и враќање во Израел на сите заробени кои и натаму се држат во Појасот Газа.

— реклама —

Портпаролот на израелската војска во петок изјави дека се изведуваат „подготвителни операции“ во предградијата на Газа, нагласувајќи дека Израел е подготвен за почеток на нападот чија цел е целосно заземање на градот.

„Војската делува многу интензивно во предградијата на Газа,“ изјави портпаролот Авихај Адраи.

— реклама —

Израел планира целосно да го преземе градот и претходно најави преселување на речиси еден милион луѓе од северниот дел на Појасот Газа кон југ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 11 час

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања