Промени тема
Контакт

Хаос на европските аеродроми по стартот на EES: Чекања до 3 часа и предупредување за уште поголеми застои од јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
aerodrom

Хаотични сцени, долги редици и повеќечасовни чекања стануваат сè почеста појава на европските аеродроми по стартот на Шенген системот за влез и излез (EES), кој почна да се применува од 12 октомври 2025 година. Во услови на зголемен сообраќај, патниците на одделни аеродроми чекаат и до три часа за да ги завршат граничните процедури.

Аеродромските оператори предупредуваат дека состојбата може дополнително да се влоши доколку системот не се стабилизира до почетокот на јануари. Причина за загриженост е планираното зголемување на прагот за регистрација и обработка на патници од трети земји од сегашните 10 проценти на 35 проценти, што според календарот за имплементација треба да стапи во сила од 9 јануари.

— реклама —

ACI EUROPE, европскиот огранок на Меѓународниот совет на аеродроми, јавно ги повика Европска комисија, eu-LISA, Фронтекс и земјите членки на Шенген итно да реагираат на растечките оперативни проблеми или да обезбедат поголема флексибилност во примената на EES сè додека системот целосно не биде функционален на сите аеродроми.

— реклама —

Од ACI EUROPE посочуваат дека постепеното воведување на регистрацијата и снимањето биометриски податоци за државјани на трети земји значително го зголемило времето на обработка на граничните контроли – во некои случаи и до 70 проценти. Во шпицовите на сообраќајот, тоа резултира со чекања кои достигнуваат и до три часа.

„Ова сериозно влијае на искуството на патниците – особено засегнати се аеродромите во Франција, Германија, Грција, Исланд, Италија, Португалија и Шпанија“, наведуваат од ACI.

— реклама —

И по два месеца од стартот на системот, според аеродромските оператори, сè уште се регистрираат технички проблеми – од прекини и недоволна стабилност на системот, до недостапност на портите за автоматска гранична контрола (ABC) за обработка на EES на голем број аеродроми. Дополнителен предизвик е и недостигот од доволен број киосци за земање биометриски податоци, како и недоволен број полициски службеници.

„Значителна непријатност веќе им се нанесува на патниците, а операциите на аеродромите се засегнати со моменталниот праг за регистрација на државјани од трети земји поставен на само 10%. Освен ако сите оперативни прашања што ги покренуваме денес не се решат целосно во наредните недели, зголемувањето на овој праг за регистрација на 35% од 9 јануари – како што бара календарот за имплементација на EES – неизбежно ќе резултира со многу посериозни застои и системски нарушувања за аеродромите и авиокомпаниите. Ова веројатно ќе вклучува сериозни безбедносни опасности“, изјави Оливие Јанковец, генерален директор на ACI EUROPE.

ACI EUROPE е европскиот регион на Меѓународниот совет на аеродроми и ги претставува интересите на повеќе од 600 аеродроми во 55 земји, кои заедно опслужуваат над 95 проценти од комерцијалниот воздушен сообраќај во Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi01o3q1nagvlfMtI52x

Европските престолнини се подготвуваат за можен голем хибриден напад со жртви

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите, можни и центри надвор од Унијата

Свет | пред 3 дена

kuferi-odmor

Нова промена за авионските патници во ЕУ: до 7 килограми дополнителен рачен багаж без доплата

Свет | пред 1 седмица

media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ разгледува итни мерки за масовен прилив на мигранти

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања