Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Хаосот во Скопје продолжува, Славевски и ДПМНЕ го окупираа советот и донесоа невалидни одлуки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Janceva

„ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Славески, го окупираа Советот на Град Скопје и донесоа невалиднен заклучок, кој е на директна штета на граѓаните и на приватните превозници“, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопј и додава:

Хаосот со јавниот превоз ќе продолжи само поради политичкиот инает на ДПМНЕ и кавгите со Арсовска.

— реклама —

Наместо решение на проблемот со приватните превозници и прифаќање на предлогот на СДСМ и коалицијата, во Советот на Град Скопје, на сила, се усвои невалиден заклучок којшто не може да се реализира.

Прво, затоа што е донесен без потребниот кворум од 23 советници. Само 19 советници беа присутни во салата на Советот.

— реклама —

Второ, поминати се законските рокови кога можеше да се направи ребаланс на Буџетот на Град Скопје кој што е до 15 ноември.

— реклама —

Така, како што е дефиниран од претседателот на Советот Заклучкот, реално не може да се реализира од страна на службите ниту ЈСП да го имплементира.

Затоа, сите раководители на сектори доставија допис, дека таков заклучок и таква одлука е кривично дело и нема да може да се реализира.

— реклама —

Само заради политички инает и кавга со Арсовска, Трајко Славевски и ДПМНЕ не го прифатија предлогот да се измени и дополни Одлуката за линиски превоз, чл. 103 од Одлуката, т.е. да прифатеа да се пристапи кон измена на методологија за пресметување, трајно ќе се решеше проблемот а цената на билетот немаше да се покачи.

Поради ваквиот однос на Славевски и ДПМНЕ приватните превозници се изманипулирани а граѓаните на Скопје оставени сами на себе со хаосот во градскиот превоз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semafor

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 6 дена

media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања