Хелсиншки: Повиците за „Голема Албанија“ и „Илирида“ поттикнуваат омраза и раздор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
527666873_1319549786201207_4222669433503759988_n

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира поради националистичките пораки што одекнуваа од трибините на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах, одигран на 5 август на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Комитетот ја осуди содржината на навивачките повици, оценувајќи дека тие не одразуваат спортски дух и дека поттикнуваат меѓуетнички тензии.

— реклама —

„И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од манифестирање на спортски дух и придонесуваат за поттикнување меѓуетнички поделби, ја нарушуваат меѓуетничката кохезија, а имаат потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Дополнително загрижувачки е фактот што ваквите извици не доаѓале само од навивачката група „Балисти“, туку биле извикувани од дел од публиката и тоа во присуство на високи државни функционери“, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

— реклама —

Во соопштението се посочува дека на трибините присуствувале високи функционери, меѓу кои претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити, министерот за економија Валон Дурмиши, како и лидерите Али Ахмети и Арбен Таравари. Комитетот забележува дека никој од нив не реагирал на спорните скандирања.

— реклама —

„Посебно дискутабилна е изјавата на претседателот на Собранието, кој од една страна вели дека не ги слушнал повиците додека бил присутен на натпреварот, а од друга страна јавно им честитал на навивачите нарекувајќи ги „достоинствен пример за националните вредности“. Овие контрадикторни ставови испраќаат опасна порака за толеранција на говорот на омраза и политичко навивање на спортски терени. Осудата на говорот на омраза од страна на политичарите е еден од клучните фактори против ширењето на оваа појава бидејќи говорот на омраза произведува уште повеќе говор на омраза, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза“, стои во реакцијата.

Хелсиншкиот комитет упати апел до Министерството за внатрешни работи и до надлежните институции итно да постапат по најавените мерки за санкционирање на овие инциденти.

„Селективната примена на законите, во зависност од етничката или политичката припадност на сторителите е неприфатлива и дополнително ја нарушува довербата на граѓаните во институциите. Спортските натпревари мора да бидат место на взаемно почитување, фер игра и градење на соживот. За говорот на омраза и националистичките пораки нема место ниту на трибините, ниту во јавниот дискурс“, се наведува во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања