Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Херцог за односите со САД: Тие имаат библиски и пророчки карактер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-librarygl9n4fv0dq41bOrWVrr

Израелскиот претседател Исак Херцог упати остри критики кон градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, обвинувајќи го дека шири антисемитизам и реторика на омраза што, според него, ја загрозува безбедноста на граѓаните.

— реклама —

Во интервју за „Фокс њуз“, Херцог изјави дека Мамдани не го почитува правото на израелскиот народ на самоопределување и оцени дека неговите јавни настапи придонесуваат за ширење омраза. Тој ја поврза таквата реторика со неодамнешниот напад со нож во Њујорк, во кој беа нападнати двајца мажи, меѓу кои и еден Евреин.

— реклама —

Херцог го критикуваше и поранешниот главен обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, тврдејќи дека налозите за апсење на израелски функционери, меѓу кои и премиерот Бенјамин Нетанјаху, биле обид да се одвлече вниманието од обвинувањата за сексуално вознемирување со кои се соочувал. Тој побара случајот да биде повлечен.

— реклама —

Во интервјуто, израелскиот претседател се осврна и на односите меѓу САД и Израел, оценувајќи дека двете земји ги поврзуваат заеднички вредности и силни историски и духовни врски. Херцог ја пофали поддршката што Израел ја добивал од американскиот претседател Доналд Трамп и повика на продолжување на двопартиската поддршка за Израел.

— реклама —

Зборувајќи за Иран, Херцог оцени дека иранскиот режим претставува закана за регионалната стабилност, обвинувајќи го дека финансира тероризам, ја дестабилизира ситуацијата во Ормускиот Теснец и продолжува со своите нуклеарни амбиции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања