Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Херд мора да му плати на Џони Деп 10 милиони долари отштета и пет милиони долари парична казна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Screenshot-2022-06-01-at-22.09.43

По седумнеделното судење меѓу Џони Деп и Амбер Херд, кое многумина го нарекоа судење на деценијата, конечно беше донесена пресуда.

Поротата во Вирџинија ги прогласи за одговорни за клевета Амбер Херд и Џони Деп во нивните тужби еден против друг, пишува Си-Ен-Ен.

— реклама —

Британскиот Би-Би-Си најпрвин објави дека пресудата му била дадена на актерот, додека читањето на одлуката на поротата, очигледно, се уште не е завршено

Поротата одлучи дека Херд мора да му плати на својот поранешен сопруг 10 милиони долари отштета и пет милиони долари парична казна, јавува Би-Би-Си.

— реклама —

Поротата, сепак, утврди дека Џони Деп ја наклеветил Амбер Херд, преку нејзиниот адвокат Адам Волдман, и тоа само во една од трите точки.

Актерката ќе добие обештетување од два милиони долари.

— реклама —

Џони Деп не беше присутен во судот кога беше објавена пресудата, бидејќи моментално се наоѓа во Њукасл, додека Херд беше на суд.

Поранешниот холивудски пар размени сериозни обвинувања за време на судењето - и Деп и Херд тврдеа дека биле жртви и на емоционално и на физичко малтретирање.

— реклама —

Процесот привлече големо внимание кај светската јавност, а социјалните мрежи станаа полигон за говор на омраза на навивачите од двете страни.

Да потсетиме, Амбер Херд објави напис во Вашингтон пост во 2018 година со наслов „Зборував за сексуално насилство - и се соочив со гневот на нашата култура“. Поради тој напис, кој адвокатите на Деп се обидоа да го докажат, актерот настрада поради погрешната слика за насилникот која се создаде за него во јавноста и поради која изгуби бројни актерски ангажмани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Screenshot_14

Џони Деп откри под кој услов би се вратил како капетанот Џек Спероу во „Пиратите од Карибите“

Филм | пред 1 седмица

— реклама —
Screenshot_14

(Видео) Џони Деп ги шокираше гостите: Откина пластичен лист од декорот и почна да го џвака

Вирално | пред 1 месец

johnny-depp-sept-2020

Џони Деп го продава автопортрет што го нацртал додека минувал низ тежок период во животот

Магазин | пред 3 години

Нема фотографија

Џони Деп во улога на Луј Петнаесетти

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања