Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Xiaomi ги претстави 12Т и 12Т Pro

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Screen-Shot-2022-10-05-at-12.53.47-PM

Xiaomi официјално ги претстави моделите 12T i 12T Pro кои ќе се најдат и на европскиот пазар, а познато е и колку ќе чинат. Што ќе понудат двата модели на смартфони?

Xiaomi 12T Pro

— реклама —

Овој модел привлекува големо внимание бидејќи е првиот телефон на Xiaomi со камера со резолуција од 200 MP, a има сензор ISOCELL HP1 на Samsung. Нема телефото леќи, но сензорот со голема резолуција поддржува дигитален зум 2Х, а може да снима и видео во 8К резолуција и HDR10+ снимки. Има оптичка стабилизација за долга експозиција, како и напредни функции за следење на очите и континиуран автофокус за следење на движење.

Ултрашироката камера има резолуција од 8 МР, макро камерата е со 2 МР, а напред е сместена селфи камерата со резолуција од 20 МР.

— реклама —

Дисплејот е AMOLED со големина на дијагонала од 6,67 инчи и резолуција од 1.220 х 2.712 пиксели, во формат 20:9 и фрекфенции на освежување кои може автоматски да се подесуваат помеѓу 30, 60, 90 и 120Hz.

Овој уред има Snapdragon 8+ Gen 1 кој нуди одлични перформанси и ефикасност, има 8 GB LPDDR5 RAM и 128 GB UFS 3.1 интерна меморија во основната верзија, а достапни се верзии и со 8/256 GB и 12/256 GB.

Батеријата е со капацитет од 5.000 mAh и поддржува до 120W брзо полнење, а од 0 до 100% се полни за само 19 минути.

— реклама —

Во продажба ќе биде достапен од 13-ти октомври преку официјалните канали на Xiaomi, a верзијата со 8 GB RAM и128 GB внатрешна меморија ќе чини 750 евра.

Xiaomi 12T

Нуди дисплеј и батерија со слични карактеристики како 12 Т Pro, а има Dimensity 8100-Ultra процесор и камера со резолуција од 108 MP, но не може да снима видео со 8К резолуција и нема фокус за следење на очите.

Неговата продажба започнува на 13 октомври, а ќе чини 600 и 650 евра во зависност од верзијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjuiqhiqh0jqb6VDYTaU

Глобалните испораки на мобилни телефони паднаа на најниско ниво од 2012 година

Технологија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryfs0j2258gt982KKKhMU

Крај за култните јапонски телефони на преклоп: старите мобилни мрежи се гасат

Технологија | пред 2 седмици

media-libraryvgqoculrhl8j3lRukQp

Honor претстави телефон со екран на задната страна, чини околу 100 евра

Технологија | пред 3 седмици

telefon-1

Зошто телефонот се празни додека спиете? Проверете ги овие функции

Технологија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања