Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Холандскиот огранок на „Луј Витон“ казнет со 500.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryef1os1g66r97cWk2o7f

Холандското јавно обвинителство го казни огранокот на Луј Витон со 500.000 евра поради непочитување на барањата за финансиска контрола и спречување перење пари во своите продавници во Холандија.

Луксузниот бренд не презел доволно мерки за да спречи перење големи суми пари стекнати од криминални активности, соопшти обвинителството.

— реклама —

Со прифаќањето на казната е избегнато покренување судска постапка, наведе холандското обвинителство, додавајќи дека судот во Ротердам нема капацитет да го води предметот.

— реклама —

Истрагата се однесува на случај со три осомничени лица, меѓу кои и 36-годишна жена од Лелистад, која се товари за перење повеќе од два милиона евра во готовина во периодот од август 2021 до февруари 2023 година. Според истрагата, таа купувала скапи чанти и други луксузни производи, а потоа ги испраќала во Кина за препродажба. Парите, според обвинителството, потекнувале од осуден банкар.

— реклама —

Во предметот се опфатени уште две лица – кинеска државјанка која наводно помагала во реализацијата на купувањата и поранешен продавач на „Луј Витон“, кој, според обвинителството, ја известувал осомничената за пристигнување на нови модели и ја предупредувал кога троши преголеми суми готовина.

Обвинителството наведува дека компанијата не ја применувала соодветно законската обврска „познај го својот клиент“ (Know Your Customer), која наложува претпријатијата да ги следат и пријавуваат сомнителните трансакции со цел спречување перење пари и финансирање тероризам.

До 1 јануари 2026 година прагот за пријавување невообичаени готовински трансакции изнесувал 10.000 евра, а сега е намален на 3.000 евра.

Постапката против тројцата осомничени сè уште е во тек, а датумот за почеток на судењето засега не е утврден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zeni-1

Скенирани возачки дозволи и адреси завршиле на сервери во Русија: Казна од 100 милиони евра

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarymomtonusnutj6lZo715

Отровни жаби пронајдени во тоалет на аеродром во Холандија, наменети за нелегален транспорт во странство

Магазин | пред 2 седмици

media-librarylqh9btnin9op24LpPPT

(Видео) Големи шумски пожари во Холандија: Европска помош за гаснење на огнот

Свет | пред 3 седмици

benzine

Цените на енергенсите растат: Холандија со пакет мерки вреден речиси една милијарда евра

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања