Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Холивудскиот актер Марк Руфало со жестоки обвинувања кон Нетанјаху

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Американскиот актер Марк Руфало упати остри критики до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека смената на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) нема да ги избрише, како што се тврди, злосторствата извршени во Газа.

— реклама —

„Ти си убиствен манијак, Бенјамине Нетанјаху“, напиша Руфало, додавајќи дека лобирањето за смена на Карим Кан, кој во 2024 година издаде налог за апсење на израелскиот премиер, нема да ја намали неговата одговорност.

— реклама —

Актерот порача дека Нетанјаху „нема да ја промени историјата со лобирање“ и дека „нема да ја избегне правдата“.

Изјавите на Руфало следуваат откако Нетанјаху ја поздрави смената на Карим Кан од функцијата главен обвинител на МКС. Земјите членки на Судот во петокот гласаа за неговото разрешување поради обвинувања за сексуално вознемирување, кои Кан ги негира.

— реклама —

Карим Кан претходно издаде налози за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант, обвинувајќи ги за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со воените операции во Газа.

— реклама —

Руфало е еден од најгласните холивудски поддржувачи на палестинските права и повеќепати ја опиша ситуацијата во Газа како геноцид и етничко чистење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 3 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 3 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања