Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Хорор во Белград: 26-годишник осомничен дека со секира усмртил 92-годишен старец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
policiska-lenta-policija-srbija-960x639

Тешко убиство го потресе центарот на Белград утрово, откако 26-годишен маж е осомничен дека усмртил 92-годишен старец во семејна куќа лоцирана во близина на поранешната зграда на БИП.

— реклама —

Според информациите што ги објавија српските медиуми, случајот бил пријавен во полицијата околу 7 часот наутро. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници го пронашле безживотното тело на постариот маж, како и осомничениот, кој веднаш бил приведен.

— реклама —

Првичните информации укажуваат дека жртвата во моментот на нападот лежела во кревет и била во нарушена здравствена состојба. Според медиумските извештаи, старецот починал откако бил удрен со секира во пределот на главата.

Неофицијално, убиениот бил очув на таткото на осомничениот.

— реклама —

Засега не се познати причините што довеле до трагичниот настан. На местото на убиството се распоредени повеќе полициски екипи, а истражните органи работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот.

— реклама —

Таткото на осомничениот за српските медиуми изјавил дека неговиот син во последните неколку дена се однесувал необично, но дека не можел да претпостави дека ќе дојде до ваква трагедија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 1 час

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 21 час

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања