Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Хорор во Белград: Возило удри жена и ѝ ја откина ногата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-libraryp2ba1nvsa5btcMYmCQD
screenshot X

Во улицата Цветанова Ќуприја во белградската населба Ѕвездара рано утрово околу 6:45 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која била прегазена жена што преминувала улица.

Според неофицијалните информации, автомобил излетал надвор од коловозот во Цветанова Ќуприја и удрил во жена, при што оштетил уште две возила.

— реклама —

Повредената жена од Ѕвездара била пренесена на Воено-медицинската академија.

Според пишувањата на локалната страница „Велики Мокри Луг“, несреќата се случила на аголот меѓу улиците Цветанова Ќуприја и Миомир Дениќ, а на жената, според првичните информации, ѝ била откината ногата под коленото.

— реклама —

Наводно, на возачот на автомобилот што ја удрил жената му се заглавила педалата за гас.

— реклама —

Најпрво удрил во два автомобила паркирани на тротоарот, а потоа и во жената, пренесува страницата „Велики Мокри Луг“.

Очевидци тврдат дека сцената била ужасна, дека повредената жена викала од болка, имало многу крв на коловозот, а возачот наводно бил во несоодветна обувка за возење – папучи.

— реклама —

Од локалната страница апелираат дека во улицата Цветанова Ќуприја, како и во околните улици, постои постојан проблем со недостиг на паркинг-места и покрај интензивната изградба на повеќекатници, поради што тротоарите се блокирани со паркирани автомобили, а пешаците секојдневно ризикуваат движејќи се по коловозот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 6 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања