Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Хорор во Илиноис: Полицаец застрелал жена три пати во лице, велејќи дека се уплашил дека ќе му истури топла вода на лицето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Policija
Илустрација

Американските власти објавија видео на кое се гледа како бел полицаец од Илиноис пука во лице црна жена, убивајќи ја, откако таа повикала полиција стравувајќи од провалник во нејзиниот дом.

Соња Меси (36) беше убиена од полицаецот Шон Грејсон во нејзиниот дом во Спрингфилд, главниот град на државата Илиноис, на почетокот на месецот, пишува Гардијан.

— реклама —

Таа повикала полиција затоа што мислела дека некој се обидува да влезе во нејзината куќа, а Грејсон и неговиот партнер биле испратени на местото на настанот. За време на разговорот, Грејсон забележал тенџере со врела вода на шпоретот и и наредил на Меси да го тргне за да спречи пожар, додека се оддалечил од жената.

Кога го прашала зошто се движи, полицаецот низ смеа објаснил дека не сака да изгори, а таа одговорила дека „ќе му се спротивстави во името на Исус“. Грејсон потоа го извадил пиштолот и со кренати раце почнал да и приоѓа на жената која се криела зад пултот, велејќи „Извинете, извинете“.

— реклама —

Полицаецот ја застрелал трипати, погодувајќи ја под окото, со изговор дека се плашел да не му фрли топла вода во лице.

— реклама —

Меси почина во истата болница како и нејзиниот предок Вилијам Донеган, кој беше линчуван од белите Американци за време на немирите во Спрингфилд во 1908 година.

Грејсон беше уапсен и обвинет за три точки за убиство од прв степен и е задржан без кауција во очекување на судењето.

— реклама —

„Гардијан“ наведува дека ретко се случува полицаец да биде уапсен за убиство на граѓани, а таков случај не и е познат на пошироката јавност по убиството на Џорџ Флојд во 2020 година, што предизвика масовни протести низ САД.

Претседателот Џо Бајден издаде изјава во која ја нарече Меси „сакана мајка, пријателка, ќерка и млада црнка“ која „денес треба да биде жива“ и нагласи дека на нејзиното семејство му е потребна правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarytnmuqi4pah9ralMf7o3

Трамп објави фотографии од Кина со Путин и Си Џинпинг: „Тоа се мои пријатели“

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Венс ги смирува Американците по гласините за 90-дневен прекин на струјата: Нема причина за паника

Свет | пред 3 дена

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Одборот на Трамп предупредува на неуспех на примирјето: Газа ја очекува уште една зима во шатори и урнатини

Свет | пред 4 дена

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања