Промени тема
Контакт

Христова: Со регионалните центри за услуги граѓаните ќе добијат брзи и ефикасни административни услуги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarym5cteoja6at36ZHBVqe

На денешната собраниска седница за пратенички прашања свое обраќање имаше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова и упати прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

— реклама —

Првото пратеничко прашање кое го постави Христова беше упатено до министерот за дигитална трансформација, и се однесуваше за регионалните центри за услуги, односно таа праша дали се планира отворање на вакви центри за услуги во сите градови низ државата  и кои конкретни услуги ги нудат овие центри.

— реклама —

„Министерството за дигитална трансформација е релативно ново, но за периодот откако е формирано постигна високи резултати и воспостави стандарди кои навистина недостигаа во Македонија. Брзата реализација на стратешките активности, подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работењето, се доказ дека вистински реформи се можни кога се има визија и одговорност кон граѓаните, а оваа Влада го поседува токму тоа. Министерството за дигитална трансформација постои краток период, но постигна многу. Воведе нови дигитални услуги достапни за сите граѓани, ги скрати административните процедури и времето на чекање, работи на зајакнување на сајбер безбедноста и заштита на податоците, а исто  така воспостави механизми на координација меѓу институциите итн. Она што мене ме интересира а и многу голем број на граѓани се новоотворените центри за услуги во неколку градови во државата, за коишто јас лично сметам дека се одлична новина, но и дека е потребна поголема промоција, за што голем број граѓани не се запознаени и се уште не знаат дека со посетата на еден ваков центар ќе добијат брзи, ефикасни и транспарентни административни услуги, сето тоа на едно место. За нив тоа значи повеќе време, помалку бирократија, а повеќе функционалност и доверба. Дали планирате вакви центри за услуги во сите градови во Република Македонија и дали може да не запознаете конкретно какви услуги нудат овие центри?“, праша Христова.

— реклама —

Христова се осврна на наследената тешка финансиска состојба од претходната власт и истакна дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ е извршена консолидација на буџетот и е забележан економски раст над очекувањата на меѓународните институции. Во таа насока, второто прашање беше упатено до  министерката за финансии и праша за тоа што може да се очекува на финансиски план во тековната 2026 година.

— реклама —

„Како пратеници кога го започнавме нашиот мандат, од првите моменти, беше соочувањето со финансиската состојба во нашата држава, односно каква државна каса наследивме од претходната ненародна влада, која имаше многу други приоритети, само не интересите на граѓаните. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт наследивме испразнет буџет, уште во месец јули, а пари во истиот требаше да има до месец декември. Со голема посветеност и труд успеавме да се консолидираме и да бележиме неколку квартали раст на БДП, дури и над 3%, т.е. дури подобро и од проекциите на меѓународните институции. А тоа е јасен сигнал дека владините политики функционираат и даваат резултати. Со консолидиран буџет, со фокус на раст и инвестиции, успеавте да ја стабилизирате економијата. Моето прашање е што може да очекуваме на финансиски план во тековната 2026 година?“, праша Христова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 2 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 3 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања