Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Хрватската полиција спречи напад врз двајца работници од Србија, приведени 14 осомничени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Хрватската полиција спречила планиран напад врз двајца сезонски работници, државјани на Србија, на островот Хвар и привела 14 хрватски државјани осомничени дека се договориле да извршат кривично дело. Според хрватските медиуми, станува збор за припадници на навивачката група Торцида.

— реклама —

Од Полициската управа Сплитско-далматинска соопштија дека полициска патрола во четврток попладне, во близина на еден хотел, забележала две возила во кои се наоѓале вкупно 14 лица. По нивната идентификација и претресот на возилата, биле пронајдени предмети погодни за напад и нанесување повреди, како и средства за прикривање на идентитетот.

— реклама —

Во возилата биле откриени дрвени палки, телескопска палка и повеќе поткапи, односно фантомки. Сите предмети биле одземени, а 14-те лица биле уапсени.

— реклама —

Според истрагата, 12 од осомничените претходно со глисер пристигнале од Трогир и Каштела до заливот Стинива Брушка на Хвар, каде што ги чекале уште две лица со комбе и патничко возило. Полицијата се сомнева дека планирале физичка пресметка со двајцата сезонски работници од Србија сместени во хотелот.

— реклама —

Осомничените се на возраст меѓу 18 и 33 години и против сите ќе биде поднесена кривична пријава за договарање извршување кривично дело. Четворица од нив се предадени во притвор, додека глисерот, возилата и пронајдените предмети се привремено одземени до одлука на судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 2 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 3 дена

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања