Хуман гест на Rockstar: Смртно болен фан доби шанса да ја игра GTA 6 пред премиерата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Магазин
media-libraryl6fmkodastpheJjICTV

Додека милиони гејмери ширум светот со нетрпение ја очекуваат есента 2026 година и премиерата на најамбициозниот проект во гејминг-индустријата, Rockstar Games уште еднаш ја покажа својата хумана страна.

— реклама —

Сè започна со јавен апел на Ентони Армстронг, девелопер во студиото Ubisoft Toronto, кој преку LinkedIn им се обрати на раководните луѓе на Rockstar Games. Негов близок роднина, кој со години се бори со рак, добил прогноза од само неколку месеци живот, што значи дека најверојатно нема да го дочека официјалното излегување на Grand Theft Auto VI.

— реклама —

Армстронг во својата објава побара компанијата да му овозможи на неговиот роднина, верен фан на серијалот уште од првите изданија, барем краток увид во новата игра, со целосно почитување на сите договори за доверливост.

— реклама —

Благодарение на големата поддршка од заедницата, апелот стигнал до вистинските луѓе. Според последните информации, со Армстронг лично стапил во контакт Штраус Зелник, извршен директор на Take-Two Interactive, компанијата под чие крило работи Rockstar Games.

Набргу потоа, Армстронг потврди дека е постигнат договор.

„Разговаравме со нив и добивме одлични вести. Тоа е сè што можам да кажам во овој момент, но благодарам на сите за поддршката“, напиша тој, по што ја повлече објавата со цел да ја заштити приватноста на семејството.

Иако Rockstar Games строго ги чува сите детали поврзани со GTA VI, ова не е првпат компанијата да направи исклучок од хуманитарни причини. Сличен случај имаше и во 2018 година со играта Red Dead Redemption 2, кога на тешко болен фан од Холандија му беше овозможено да ја игра играта пред нејзиното официјално излегување.

Официјалниот излез на GTA VI е планиран за ноември 2026 година за конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X/S, додека верзијата за PC се очекува подоцна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

(ВИДЕО) Објавени видеа од новата „GTA 6“

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања