Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

За да се нулира „ургирање кај Петре“, од денеска пробен период на системот кој автоматски ќе казнува во Скопје, Тетово, Куманово и автоматите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library8vu2j6lgmr3ueSpAwWn

Од денеска официјално започна пробниот период на системот „Сејф Сити“, дел од проектот „Безбеден град, безбедна држава“, со кој Министерството за внатрешни работи воведува целосно автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци преку паметни камери.

Дел од возачите уште вчера ги добија првите СМС-известувања со линкови за увид во забележаните прекршоци. Еден од нив возел само 2км/час повеќе од дозволеното, па бил уловен. Во тест-фазата нема да се изрекуваат казни — граѓаните ќе добиваат само предупредувања и увид во тоа како изгледа записникот што ќе го добиваат од 1 јануари, кога системот ќе премине во целосна примена.

— реклама —

Камерите ќе регистрираат пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Потоа, автоматски ќе генерираат записник кој сопствениците ќе можат да го преземат преку СМС или мејл линк. Со фотографија, системот ќе докажува каде е забележан прекршокот.

Проектот моментално е активен во Скопје, Тетово и Куманово, како и на автопатските делници на коридорите 8 и 10, а очекувањата се до средината на следната година да биде покриена целата држава.

— реклама —

Со пуштањето на системот денес, МВР најавува дека целта е едноставна: намалување на хаосот во сообраќајот, казнување на најчестите ризични прекршоци и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

За полесни прекршоци ќе се плаќа парична казна, додека за посериозни следи повик на суд и можно одземање на дозволата за управување.

„Казната ќе стигне на мобилен. Ако сакате доказ – ќе го добиете. Ако сакате да го видите прекршокот – ќе имате слика. Ако сте се возеле со 'Ферари' и сте го загрозиле сообраќајот, ќе го дадеме на детската градинка. Но едно е сигурно – тоа возило повеќе нема да биде ваше“, рече Тошковски пред пет месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9

Девет возачи приведени за безобѕирно возење, шестмина биле без возачка дозвола

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryl83rfetao1pedcgre47

18-годишник од Битола фатен како управува мопед без возачка дозвола

Македонија | пред 21 час

media-librarydueb8s6u6i252tkT9B6

Спречен обид за кражба во РЕК Битола, приведени две млади лица

Македонија | пред 21 час

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Приведен 37 годишен маж по пронајдена дрога во неговиот дом

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања