Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

За два дена изречени 1.026 казни, приведени 34 возачи за безобѕирно возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library56t6fcjl7jsebDDcXnh

Министерство за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатите два дена, 16 и 17 мај 2026 година, во рамки на редовните сообраќајни контроли на патиштата низ државата биле издадени вкупно 1.026 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.

Од нив, 316 прекршоци се однесувале на непочитување на пропишаната брзина на движење.

— реклама —

Поради безобѕирно управување со возило, лишени од слобода биле 34 лица, од кои девет управувале возило под дејство на алкохол, 24 возеле без возачка дозвола, а едно лице управувало возило и покрај претходно изречена забрана.

— реклама —

Во истиот период, по член 300-б од Кривичниот законик биле одземени 23 возила.

Според статистичкиот преглед на полициските активности, евидентирани биле и 164 прекршоци за непрописно паркирање, како и 29 санкции за возење под дејство на алкохол.

— реклама —

Дополнително, санкционирани биле 107 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем, пет пешаци, како и 99 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.

— реклама —

Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 15 нерегистрирани возила и четири возила поради техничка неисправност. Санкционирани биле и двајца возачи поради непочитување на прописите за затемнување на стаклата на возилата.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 7 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 7 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања