Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

За два дена регистрирани 1.433 сообраќајни прекршоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9
фб

Министерство за внатрешни работи информира дека во текот на изминатите два дена, 9 и 10 мај 2026 година, во рамки на засилените сообраќајни контроли низ државата биле издадени вкупно 1.433 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.

Од нив, дури 861 прекршок се однесувал на непочитување на пропишаната брзина на движење.

— реклама —

За безобѕирно управување со возило биле лишени од слобода 21 лице, од кои петмина поради возење под дејство на алкохол, 11 поради управување без возачка дозвола и пет лица поради управување возило и покрај претходно изречена забрана.

— реклама —

Во истиот период, според член 300-б од Кривичниот законик, биле одземени седум возила.

Покрај тоа, евидентирани биле 176 прекршоци за неправилно паркирање и 45 санкции за возење под дејство на алкохол.

— реклама —

Полициските контроли регистрирале и 15 прекршоци кај возачи на мотоцикли кои не носеле заштитен шлем, како и девет санкционирани пешаци. Дополнително, 75 учесници во сообраќајот биле казнети поради некористење сигурносен појас.

— реклама —

Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 11 нерегистрирани возила и едно возило поради техничка неисправност. Санкционирани биле и двајца возачи поради непрописно затемнување на стаклата на возилата.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови, со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 4 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 4 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања