Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави за дрвокрадство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library195ogcaqnoja5GODtdy

Шумската полиција во текот на октомври спровела засилени контроли против бесправната сеча, транспортот и трговијата со дрва со незаконско потекло, при што биле запленети 734 кубни метри дрвна маса и поднесени 147 прекршочни и кривични пријави.

— реклама —

Најголем дел од запленетите дрва се даб и бука, односно 288 кубни метри даб и 274 кубни метри бука. Одземени се и 51 кубен метар мешано дрво, како и 121 кубен метар техничко дрво, односно трупци.

— реклама —

Во акциите привремено биле одземени и 11 товарни и 15 патнички возила, осум трактори, 13 приколки и 18 моторни пили. До надлежните судови биле поднесени 122 прекршочни пријави, а до Основното јавно обвинителство 25 кривични пријави.

— реклама —

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, порача дека контролите ќе продолжат и дека ќе се бара одговорност не само од лицата што бесправно сечат, туку и од оние што ја препродаваат незаконски стекнатата дрвна маса.

— реклама —

Тој нагласи дека од дрвокрадството заработуваат поединци, додека штетата ја трпат сите граѓани, додавајќи дека заштитата на шумите е заедничка обврска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryro4349023olf4a7MJBU

Запленети над 500 кубни метри нелегално исечени дрва, Шумската полиција поднесе 140 пријави

Македонија | пред 4 седмици

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-21-3210PM

Уапсени директор, полицајци, службеници: акција во три града во Македонија

Македонија | пред 1 година

shumska-policija

Шумската полиција ќе има бенефициран стаж

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања