Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

За едно деноноќие приведени 24 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 24 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Најголемиот дел од приведените, односно 19 лица, управувале возило без возачка дозвола. Од нив, петмина биле затекнати во Неготино, по четворица во Скопје и Струмица, двајца во Тетово и по едно лице во Демир Капија, селото Дебреште, Кривогаштани и Штип.

— реклама —

Тројца возачи биле лишени од слобода бидејќи управувале возило под дејство на алкохол, во Тетово, Ресен и Велес, додека две лица на автопатот во гевгелиско биле затекнати како возат со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или ако се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за поголема безбедност во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 2 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 2 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања