Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„За Гостивар има папка со факти“ – Савески да постапи веднаш, порача СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8cg88hthcqle8VeaZaq

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

За Гостивар има папка со факти - Савески кога ќе се врати од екскурзија да постапи веднаш

Министерот Клековски конечно прозборе, призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот  Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Како Владата ги уверуваше граѓаните дека водата е исправна и може да се користи како „техничка“? Никогаш не беше објавена анализа, кој потпишал, кој дозволил. Поминаа 4 недели и никој не одговара за труењето со вода во Гостивар, велат од СДСМ.

„Граѓаните чекаат. А Обвинителството сè уште молчи.

До кога? Да не е обвинителот Савевски на екскурзија исто така?

Еве 10 факти за обвинителот Савевски за постапува:

— реклама —

1.Загадувањето на водата во Гостивар започнало на 25 јуни.

2.Првите случаи со симптоми на труење биле регистрирани на 13 јули по што и по 200 нови случаи дневно.

3.Пет дена никој не реагирал и не презел ништо. Првите препораки биле објавени на 18 јули!

4.А три дена пред да се објави дека водата е загадена Центарот за јавно здравје Тетово издал извештај дека водата е безбедна за пиење.

— реклама —

Значи 22 дена граѓаните на Гостивар се труеле со загадена вода со фекалии. Резултатот, 4.700 граѓани отруени.

5.На 23 јули, премиерот Мицкоски најавува „техничка вода“ за користење, а до крајот на таа недела и вода за пиење.

Потоа Тошковски рече дека се врши хиперхлорирање на водата и стана експерт за анализа на вода.

6.Четири дена по најавата на Мицкоски, на 27 јули, Тошковски јавно ќе соопшти дека „Гостивар доби техничка вода“ која може да се користи за капење, но не и за пиење.

7.Никогаш не беше објавен документ, анализа на водата, кој одобрил, кој потпишал, дека водатата може да се користи како техничка.

— реклама —

8.На 3 август, значи после цела недела од изјавата на Тошковски, Стојанче Ангелов ќе објави дека во водата во Гостивар има бактерија.

Па како им кажаа на луѓето дека може да ја користат водата техничка за капење и миење ако има бактерија?

Тотален хаос и распад.

9.Вчера, на 7 август Клековски ќе соопшти дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“.

Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење.

Сега е полна со бактерии. Не една - туку многу различни.

10.Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници.

Еве ги фактите.

Се му е спремно на Савевски, па кога ќе се врати од ексрузија еве го чека, нека постапува“, се вели во партиското соопштение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryn5v4vrilt7918h7a08U

„Последни претања на Платформата – ЗНАМ 2.0 – од Левица до Црвенковски“, велат од СДСМ

Македонија | пред 20 часа

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

Македонија | пред 1 ден

media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

„Рудник во Иловица нема да има, народот ќе ви каже 'не'“ – Тренчевска со предупредување до власта

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања