Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

За пола ден, 65.000 сообраќајни прекршоци регистрирани „Сејф сити“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека системот „Безбеден град“ (Safe City) и официјално го започна својот пробен период, при што во првите 12 часа биле регистрирани дури 65.000 сообраќајни прекршоци.

— реклама —

Според Тошковски, оваа бројка јасно ја потврдува неопходноста од воведувањето на напредниот електронски систем, кој преку современи технички уреди автоматски ги документира прекршувањата и испраќа електронски известувања до сопствениците на возилата.

— реклама —

„Започнуваме нова етапа во унапредувањето на сообраќајната безбедност. Нашата цел е јасна: повеќе безбедност, помалку прекршоци и нулта толеранција за несовесно возење, без разлика дали станува збор за урбана зона или пат надвор од населено место“, порача министерот.

Од вкупно регистрираните прекршоци, 2.800 се за поминување на црвено светло, а 1.000 за нерегистрирано возило.

— реклама —

Тошковски додаде дека системот обезбедува повисока дисциплина во сообраќајот, транспарентност и брза електронска комуникација со граѓаните. Според него, „Безбеден град“ претставува инвестиција во спасени животи и побезбедни улици.

— реклама —

„Продолжуваме посветено да ги модернизираме процесите и да го унапредуваме квалитетот на работата на МВР“, нагласи министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Кај Богородица пронајдени тројца мигранти, едниот со прострелна рана

Македонија | пред 1 час

media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Пукале кон автомобил во Сарај додека во него седеле две лица

Македонија | пред 1 час

media-libraryfr753o7pd8q4b9MJmtF

Ја нападнал партнерката, а потоа со тврди предмети и го оштетил возилото

Македонија | пред 1 час

bankomat-12

Му помогнал да извади пари од банкомат, па го ограбил

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања