Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

За „Влен“, салата „Борис Трајковски била „центар на албанското единство“, а ДУИ им кажа дека имале „бледа конвенција со празни седишта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library353dmsmr07c52ucOarB

Синоќешниот настан на коалицијата ВЛЕН во арената „Борис Трајковски“ во Скопје предизвика бурни реакции и меѓусебни обвинувања меѓу ВЛЕН и ДУИ.

— реклама —

Од ВЛЕН соопштија дека салата и просторот околу неа биле преполни со илјадници поддржувачи, опишувајќи ја конвенцијата како „центар на албанското единство“. Партијата нагласи дека нивниот проект не е список на ветувања, туку „инвентар на дела“, наведувајќи финансиски инвестиции во општините со албанско население, универзитети и инфраструктура.

— реклама —

„ВЛЕН е гласот на Албанците, време е повторно да ја земеме судбината во свои раце“, стои во нивното соопштение.

— реклама —

ДУИ, пак, тврди дека и покрај „разулавената пропаганда и нелегалните притисоци“, во салата имало празни седишта и дека настанот бил „бледа конвенција“. Според партијата, граѓаните не одговориле на повикот на ВЛЕН, а поранешните поддржувачи ги напуштиле. ДУИ посочи дека дел од ветувањата на ВЛЕН останале неисполнети и оцени дека ВЛЕН се претворил во „огранок на ВМРО кај Албанците“.

— реклама —

Со испратената фотографија, ДУИ порача дека тоа е „најјасната слика на неуспехот“ на противничката коалиција, додавајќи дека Албанците веќе ја донеле својата одлука за „силно, достоинствено и европско претставување“ преку ДУИ на претстојните избори на 19 октомври.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања