„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

За време на викендот се подигнати 𝟩𝟢 кубни метри непрописно одложен отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
komunalec-otpad-1

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпош.

— реклама —

Во општината Чаир е интервенирано на улицата Самоилова, каде што во непосредна близина на Музејот на современата уметност се подигнати приближно 15 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина.

— реклама —

Во општината Центар се расчистени вкупно 10 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на неколку локации долж улицата Орце Николов, извести Комунална хигиена-Скопје.

На улицата Февруарски поход во скопската општина Аеродром се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен органски отпад, додека на булеварот Партизански одреди кај Порта Влае и на улицата Московска - во општината Карпош, беа отстранети 20 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни површини.

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана на улицата Димо Хаџи Димов во скопската општина Кисела Вода, каде што се подигнати и транспортирани 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Ноќна стража за ѓубрето, во Скопје се воведува нов режим - по 22 часот не смее да се фрла отпад

Скопје | пред 1 месец

viber_image_2024-12-13_00-14-31-790

Kомунална хигиена-Скопје подигна 𝟣𝟤𝟢𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во текот на декември

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-12-25_16-00-47-812

Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟧𝟢 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на изминатото деноноќие

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-27_18-30-03-566

Отстранети повеќе диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања