Промени тема
Контакт

Забрана за тешки товарни возила на Стража, Попова Шапка и кон Дебар поради снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
46489444_2227177410640257_739011773964746752_n

Поради обилни врнежи од снег, од 06:50 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на патните правци Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево.

— реклама —

Дополнително, од 07:00 часот, поради сообраќајна незгода, воведена е забрана за движење на тешки товарни моторни возила на магистралниот пат А2 Кичево–Гостивар, во правец кон превојот Стража и обратно.

Од 07:20 часот, на патот Скопје – Велес, пред првиот тунел, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

— реклама —

Според информациите од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања.

— реклама —

Од 15 ноември 2025 година во сила е обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година.

АМСМ апелира на прилагодена брзина и внимателно управување, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е можна појава на одрони.

Во рамки на сезонскиот режим, патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица останува затворен за сите видови возила до 31 март 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-1690PM

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања