Промени тема
Контакт

„Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли, не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника...“, вели Најчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Коментари
media-libraryugnqn0jbi0r70lxRven

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, професорката Мирајна Најчевска се огласи на социјалните мрежи со емотивен статус. Таа потенцира дека бројките не можат да го заменат човечкиот живот и сеќавањето, нагласувајќи дека загинатите не се „63 лица“, туку конкретни луѓе со име, лице, желби и иднина.

„Од мене мајката до мајките, татковците, сестрите, браќата, сопругите, децата, пријателите, соучениците, наставниците, роднините, комшиите на Стефанија, Тоше, Филип, Сара, Драгана, ...

Најлесен начин да се дистанцираш од емоциите е кога смртта ќе се претвори во израз и во бројка. Кога ќе се обезличи.

Кога ќе кажеш „жртвите“ тоа нема лице, ни коса, ни мирис ни глас ни насмевска ни прегратка ни ... Тоа е израз кој овозможува да се води судска постапка која треба да биде објективна и непристрасна и лишена од емоции. Ама не е сеќавање.

Кога ќе кажеш 63 загинати тоа е бројка. Безлична. Студена. Статистика.

Кога ќе умре човек не смее да биде бројка. Посебно кога ќе умре некој на прагот на животот. Тоа е затворена книга на сакање, радости, плачење, грижи, надежи. Затворена иднина спакувана во спомени. Тоа е бол кој раскинува и не поминува.

Зад секое име има лик и живот и емоции и желби и размисли и ...

Не се 63 загинати, туку се Надица и Матеј и Моника и Никола и Александар и Јорданчо и ...

И не, не е несреќа туку е убиство. Можеме да разговараме дали станува збор за убиство без умисла, за убиство од голема небрежност, за потфрлање на државата кое довело до нивна смрт. Ама никако за несреќа“, напиша Најчевска.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Вештак за „Пулс“: Полиетиленскиот сунѓер поставен на објектот не ги исполнувал условите за заштита од пожар

Македонија | пред 13 минути

— реклама —
media-libraryqurl59lj3o3v4fEtFJJ

Адвокатката на Деко подготвува гаранција: „Имам впечаток дека има притисок да се најде што било за да му се продолжи притворот“

Македонија | пред 45 минути

IMG_5572

Нов спор на судењето за „Пулс“: Одбраната тврди дека вештото лице читало однапред подготвени одговори

Македонија | пред 1 час

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Повторно одложено судењето за полициските службеници за „Пулс“: Сведоците не се појавија, судот најави казни и присилно доведување

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања