Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Заев е лидер во сенка на СДСМ – Николоски обвини дека партијата работи за свои елити и за ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryqltofkkvhnas5Aj6QIP

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на денешната прес-конференција изјави дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, иако формално се повлече од политиката, сè уште ги „влече конците“ во партијата и е во постојана координација со актуелното раководство.

„Јасно е дека ги влече конците и во време на претходниот претседател на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, и во време на актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче. Тоа е најдобар доказ дека се во целосна координација и дека лидерот во сенка на СДСМ е токму Зоран Заев“, рече Николоски.

— реклама —

Тој посочи дека изјавите на Заев и Филипче се со „ист вординг“, што, како што додаде, укажува на тоа дека се координираат на дневна основа или дека „ист човек им ги пишува говорите и статусите“.

„Со тоа што кажа дека ќе мора да внимаваме да не ја повлече државата во провалија, јасно е дека тоа е израз на паника и страв. СДСМ има само една цел – да заштити одредени елити во рамки на партијата“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според него, отпорот кон реформите во судството и обвинителството е последната одбрана на тие елити, а СДСМ денес, како што рече, „служи само на Зоран Заев и на ДУИ“.

— реклама —

„Човекот кој ги нанесе најголемите национални порази на Македонија, најголемите предавства и во чие време криминалот и корупцијата царуваа, повторно се појавува во кампањата за да им покаже на Филипче и СДСМ кој ја води партијата“, додаде Николоски.

Тој повика на „масовна излезност“ на изборите на 19 октомври за, како што рече, „да се стави крај на овие корумпирани елити“.

— реклама —

Николоски нагласи и дека „декларацијата која СДСМ ја понуди во Собранието, само неколку дена пред почетокот на кампањата, е доказ за концесии кон источниот сосед“, додавајќи дека документот, според него, „ја пишувал Заев, а ја однел Филипче“.

„Понудата на овие избори е јасна – од една страна се Заев, Ахмети и Филипче, а од другата страна се реформите и напредокот што ги почнавме и кои мора да продолжат со засилено темпо, паралелно со силни реформи во судството и обвинителството“, изјави Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryec3ph4d3rgjqfYKpDh2

Петрушевски за тужбата од Заев: Стојам зад секој јавно изнесен збор

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryi2c2r98upi1eaZgzk25

Заев бара еден милион од Жан Митрев и Петрушевски, ги тужи му го нарушиле угледот со клеветење

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygjafqmbccimrceH1xBO

(Видео) Петрушевски: Немам намера да му се извинам на Заев, напротив тој треба да и се извини на јавноста

Македонија | пред 4 месеци

zaev-2

Се огласи Заев, се закани со тужба: Не сум поврзан со канабисот, немам облакодери во Дубаи, ниту сум вршел притисок на Жан Митрев

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања